„Тинекс“ го купи пазарот за сирење во Прилеп

Bez autora
Feb 17 2015

Компанијата „Тинекс“ го купи пазарот за сирење во Прилеп, каде има намера да гради деловно-трговски објект на три ката. Општина Прилеп во вторникот го потпиша договорот за продажба на градежно земјиште со локација на поранешниот пазар за сирење со компанијата „Тинекс“. Во претпоследната Објава за продажба на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија, меѓу останатите објавени парцели беше парцелата за трговско деловен објект со локација на сегашниот пазар за сирење (познат како Млечен пазар), соопштија од оштината.

„Тинекс“ го купи пазарот за сирење во ПрилепКомпанијата „Тинекс“ го купи пазарот за сирење во Прилеп, каде има намера да гради деловно-трговски објект на три ката.

Општина Прилеп во вторникот го потпиша договорот за продажба на градежно земјиште со локација на поранешниот пазар за сирење со компанијата „Тинекс“.

Во претпоследната Објава за продажба на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија, меѓу останатите објавени парцели беше парцелата за трговско деловен објект со локација на сегашниот пазар за сирење (познат како Млечен пазар), соопштија од оштината.

Парцелата е со големина од 1.617 квадратни метри и на целата парцела е предвидена изградба на нов трговско-деловен центар, со визба, приземје и два ката. Трговскиот центар ќе претставува објект од затворен тип.

Во подрумот ќе има можност за паркирање за околу 100 возила во подземен паркинг простор со можност за дотур на роба до сите нивоа во објектот.

На приземјето и катовите ќе се најдат деловни објекти чија што големина ќе биде дефинирана во проектот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik